ОЈО

ОЈО Скопје отвори истрага за багеристот кој усмрти жена на пешачки во Скопје

02.07.2023 14:33

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против багеристот кој вчера прегази 66-годишна жена. 42-годишникот од Скопје, на улицата „Јордан Мијалков“...

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против багеристот кој вчера прегази 66-годишна жена. 42-годишникот од Скопје, на улицата „Јордан Мијалков“. Управувал мобилна машина без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај.

На обележан пешачки премин со машината удрил во жената, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, велат од Обвинителството.

Судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерки на претпазливост, забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на пасошот и возачката дозвола и привремена забрана за работни активност поврзани со кривичното дело.