Да престане политичкото мешање во судството, порачува Стејт департментот
Стејт департментот бара политичките елити од земјава да не се мешаат во правосудните органи. Велат лидерите на Северна Македонија мора да покажат конкретни резултати во борбата против корупцијата. Министерот Османи се согласува дека треба да се тргнат рацете на политичарите од правосудството. Конкретен ефект според него ќе има со отворањето на Поглавјата 23 и 24, во преговорите за членство во ЕУ...

Стејт департментот бара политичките елити од земјава да не се мешаат во правосудните органи. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во Владата.
По ваквиот американски став, остар во реториката и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кој гледа излез единствено преку отворањето на поглавјата за членство во ЕУ. Чиста демагогија од политичарите е кога зборуваат за независно судство, а го попречуваат отворањето на поглавјата смета Османи.
Шефот на дипломатијата потенцираше дека токму поради ваквите забелешки неопходно е да се отвори македонскиот Устав по што земјата ќе го трасира патот за полноправно членство во Унијата. Уште еднаш нагласи дека во Брисел се забележува расположение за прием на нови членки, па оттаму потребно е да влеземе на брзата лента за интеграции.
Миле Ристески
