Ахмети: Да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите, почнувајќи од мене
Ахмети првпат за случајот Мерко. Побара да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите, почнувајќи од него. Интегративците одржуваат внатрепартиски избори во 14 ограноци. Лидерот на партијата гласаше во Кичево. За неучеството на „Огнените“ вели, трката е отворена и сите можат да излезат на овие избори...

Лидерот на ДУИ, Ахмети за првпат јавно се огласи за случајот Мерко, откако струшкиот градоначалник е на црната листа на САД за значителна корупција и за мешање во судската власт. Се согласува дека за Мерко треба да има истрага и дека тој самиот не се противи на тоа. Ахмети апелираше да се отвори истрага и за целокупната активност на ДУИ, односно за сите функционери, почнувајќи токму од него лично.
Интегративците на внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела. Во 14 ограноци се избираат претседатели и членови на раководните тела, со примена на како што велат од партијата, демократскиот принцип „еден член, еден глас“. Лидерот на партијата Ахмети кој гласаше во Кичево, прашан дали се можни проблеми од страна на таканаречената „Огнена група“, рече дека нема причина за тоа. Вели, трката е отворена и сите можат да излезат на овие избори. „Огнените“ пак подолго време реагираат на како што велат недемократското владеење во партијата и дека постојано трпат притисоци и закани.
Игор Панов
