Хрватска

Уапсен напаѓачот кој уби жена и рани четири лица во Сисак

02.07.2023 15:10

58-годишен маж уби 45-годишна жена и тешко рани уште четири лица. Запалил автомобили и куќи по што избегал. Сепак, полицијата го пронашла и го уапсила...

Масовно пукање ја шокираше Хрватска. 58-годишен маж уби 45-годишна жена и тешко рани уште четири лица. Запалил автомобили и куќи по што избегал. Сепак, полицијата го пронашла и го уапсила. Две лица се во многу тешка состојба, а две се надвор од животна опасност. Станува збор за луѓе кои живееле во непосредна близина на сторителот.

„Во престрелката загина 45-годишна жена, а четири лица се тешко повредени и пренесени во Општата болница во Сисак. Повреди опасни по живот“, изјави Лука Пешут, началник на полициската управа Сисак.

„Република Хрватска од 2007 година ја спроведува кампањата „Помалку оружје – помалку трагедии“, за пет месеци од оваа година имавме доброволно предавање на 8.500 парчиња муниција и пиротехнички средства. Во однос на овој случај, ништо не укажувало на тоа дека напаѓачот би можел да изврши толку тешко кривично дело“, рече Игор Пашанец, криминалистичка полиција на полициската управа Сисак.

Населбата, во која живеат околу 400 Роми, се наоѓа на периферијата на Сисак и е под полициска блокада. Мажот живеел сам, не се познати мотивите на злосторството.

„Не знам од што пукаше. Истрелите не беа рафални, туку индивидуални. Велат дека е калашников, но ова беше нешто лошо. Беше силно. Тоа е куршум од пушка, не знам што друго.“

„Синоќа околу 20:10 часот имаше многу пукање. Навистина не знам кој пукал, што пукал“.

Сторителот претходно не и бил познат на полицијата, а оружјето било нелегално.

 

 

Марина Ристова