Тенис – мастерс 1000 Рим

Надал експресно до дуел со Ѓоковиќ!

17.05.2014 23:20

Рим е еден од трите омилени турнири на Рафаел Надал, па најдобриот светски тенисер не дозволи изненадување во полуфиналето на петтиот мастерс сезона.

Двапати по 6:2 за Шпанецот во дуелот пртив Григор Димитров во којшто Бугаринот немаше вистински шанси за сензација. Причина за петтиот пораз на Димитров во исто толку пресметки со Надал се 32-те неизнудени грешки или 17 повеќе во однос на Рафа. Со по два брејка во обата сета, Надал без проблеми го обезбеди осмото финале во „вечниот град“ кадешто во последните девет години победуваа или тој или неговиот утрешен противник во финалето Новак Ѓоковиќ.

Србинот се намачи во полуфиналето против Милош Раониќ и по три часа славеше со 6:7, 7:6 и 6:3. И во овој меч решавачките беа подарените поени затоа што Канаѓанецот направи 42 или 26 грешки повеќе од Ноле.

2:1 е за Надал во мечевите за трофејот во Рим, најдобриот е и рекордер со седум, вториот во светот има две титули. Во најбогатото ривалство во модерниот тенис ова ќе биде 41 прва епизода, Надал има 22, Ѓоковиќ 18 победи вклучувајќи ја и онаа во единствениот дуел сезонава во финалето на мастерсот во Мајми.