Скопје

Без струја утре делови од Драчево, Катланово, Љубин и Страхојадица

02.07.2023 18:54

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа утре од 08.30 до 11.00 без електрична енергија ќе останат...

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа утре од 08.30 до 11.00 без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Герника“ во населба Драчево во Општина Кисела Вода, а од 08:50 до 15:50 часот, корисниците од село Катланово во Општина Петровец, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без струја утре од 11:30 до 14:30 часот ќе бидат и корисниците од село Љубин во Општина Сарај и на село Страхојадица во Општина Зелениково, каде прекинот ќе биде од 12.30 до 15:00 часот.