Временска прогноза
Сончево време со мала до умерена облачност
03.07.2023 07:59
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 до степен.
