Фудбал - Куп на Германија
Баерн ја одбрани двојната круна!
17.05.2014 23:26
Како и минатата сезона фудбалерите на Баерн Минхен на шампионската ја придодадоа и титулата во Купот на Германија.

Во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин, баварците го совладаа најголемиот ривал последните неколку сезони Борија Дортмунд со 2:0 и тоа по продолженија.
17-от куп трофеј на Баерн му го обезбедија Арјен Робен во 107-та и Томас Милер во120-та минута.
