Источен регион

Две години по големите пожари во Малешевијата

03.07.2023 08:12

Во Малешевијата пред две години изгореа над пет илјади хектари борова шума, материјалната штета на изгорените фарми, пчеларници и други објекти се цени на околу 40 милиони евра. Уништен е екосистемот во шумите и потребни се децении за да се ревитализира шумата и животните во неа. Источниот регион е под постојана опасност од пожари заради палењето на стрништата од страна на земјоделците. Заради сево ова општините почнаа повеќе да вложуваат во опрема и обука на пожарникарите …

Големите шумски пожари во август 2021-ва година уништија над пет илјади хектари борова шума во Малешевијата. Со огнената стихија, во која за среќа немаше жртви, се бореа домашни но и пожарникари од Романија, Србија, Словенија, Бугарија и Австрија. Извлековме поука и сега беровската противпожарна единица која брои 15 пожарникари е подобро опремена, вели командирот Сашко Руменовски.

Додека Малешевијата е во опасност од шумски пожари заради лесно запаливата борова шума, останатиот дел од регионот страда од палењето на стрништата.

Штипската противпожарна единица е опремена и обучена да интервенира при поплави, земјотреси и сообраќајни несреќи. Градоначалниците од источниот регион најавија и формирање на координативно тело за брза интервенција при елементарни непогоди од поголем размер.

 

Славица Величковска