Во Собранието закажани седници на две комисии
Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците…

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе расправаат за утврдување предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе одржи јавна расправа на тема „Ревидирање на нормативната рамка, системската реформа за правда на децата која ќе обезбеди комплементарност на законите и нивна успешна имплементација во пракса“.
