216 санкционирани возачи во Скопје, 138 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 138 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 138 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
