Собрание

Нов обид за доближување на ставовите Влада- Синдикати

03.07.2023 09:18

Од Владата треба да ја претстават нивната пресметка. Се очекува и договор за потпишување на општиот колективен договор...

Продолжение на седницата на економско-социјалниот совет. Нов обид за доближување на ставовите Влада-Синдикати. На разговорите во четвртокот, предлогот за новата методолигија за пресметка на платите во јавниот сектор за синдикатите беше неприфатлив. Побараа методологијата да биде иста како што имаат функционерите, просечната плата помножена со коефициентот на сложеност.

Од Владата треба да ја претстават нивната пресметка. Се очекува и договор за потпишување на општиот колективен договор. Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека периодот од пет години е предолг за усогласување на општиот колективен договор.

За повисоки плати, синдикатот и раководството на УЈП преговараат со медијатор.