Самит
Путин на самит со кинеските и индиските лидери
03.07.2023 09:55
Путин ќе се приклучи на мултилатералниот самит, откако вооружениот бунт ја потресе Русија...

Путин ќе се приклучи на мултилатералниот самит, откако вооружениот бунт ја потресе Русија.
Состанокот е на Шангајската организација за соработка, безбедносна групација основана од Русија и Кина за да се спротивстави на западните сојузи од источна Азија до Индискиот Океан. Домаќин е Индија, која стана членка во 2017-та година.
