Последно коло, една непознаница
Фудбалското првенство на Македонија денеска завршува.

Според текот на настаните се очекуваше последното 33 коло да биде кулминација на израмнетата трка за титулата, за излез во Европа, за опстанoк...Последниот чин сепак ќе биде „исплакнат“ со само една непознаница: која екипа ќе го фати последниот воз за Европа? Вардар ќе се обиде да не ја пропушти шансата. Со победа над Брегалница во Штип ќе биде на листата на учесници во Лигата на Европа. Во Тетово, Шкендија ќе игра против Пелистер и ќе го „наслушнува“ резултатот во Штип. Работнички оди на славеничко гостување во Турново, каде што ќе му биде врачен победничкиот пехар. Еуромилк, Македонија ЃП, Напредок и Гостивар ќе се збогуваат со прволигашкото друштво.
33 коло: 15.00 часот
Еуромилк-Гостивар
Напредок-Ренова
МакедонијаЃП- Металург
Шкендија-Пелистер
Хоризонт-Работнички
Брегалница-Вардар -пренос МТВ
Табела:
1.Работнички 62
2.Хоризонт 57
3.Металург 56
4.Вардар 55
5.Шкендија 54
6.Пелистер 52
7.Брегалница 43
8.Ренова 43
9.Еуромилк 38
10.Македонија ЃП 32
11.Напредок 17
12.Гостивар 14
