Квебек

Разорни шумски пожари во Канада

03.07.2023 10:12

Според властите, ова е најлошата сезона на шумски пожари во земјата досега...

Пожарникарите продолжуваат да ги гаснат шумските пожари во Канада. Според властите, ова е најлошата сезона на шумски пожари во земјата досега.

НАСА известува дека чадот од пожарите во северен Квебек стигнал до Европа. На национално ниво горат 490 пожари. 255 се надвор од контрола.