Левица пред Уставен суд ја оспори националната припадност во изводите
Од партијата велат дека никаде во светот, личното чувство на граѓаните не се докажува со јавна исправа, издадена од државен орган...

Левица пред Уставниот суд го оспори внесувањето на националната припадност во изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени. Од партијата велат дека никаде во светот, личното чувство на граѓаните не се докажува со јавна исправа, издадена од државен орган.
Според Левица, потегот на министерот за правда, Лога, го подрива граѓанскиот идентитет за сметка на етничкиот, што е спротивно на добрите европски практики, дотолку повеќе што националната или етничка припадност е внатрешно чувство, кое емпириски не може да се провери.
Левица побара, Уставниот суд да донесе времена мерка за запирање на извршувањето на акти или дејствија, преземени врз основа на оспорениот закон.
