Ракомет

Македонските ракометарки за гол послаби од Србија

03.07.2023 11:29

Македонската младинска репрезентација го запиша вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија, подобри од нашите ракометарки беа Србинките со 29:30...

Македонската младинска репрезентација го запиша вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија, подобри од нашите ракометарки беа Србинките со 29:30.

Србија во последната секунда погоди за победа од 30:29. Во редовите на Македонија најефикасна беше Јанкуловска со седум гола, додека Младеновска постигна шест.

На полувреме Македонија водеше со четири гола 13:17, меѓутоа во вториот дел вратена беше неизвесноста и во последните моменти од натпреварот се влезе со 29:29. Избраничките на Јулијана Дамчевска имаа лош влез во натпревар и негатива од четири гола по десетина минути, 7-3. Македонија имаше повремени блесоци и во неколку наврати ја преполови негативата.