Поради повреда Кирјос се повлече од Вимблдон
03.07.2023 11:31
Вимблдон почнува денес и ќе се игра до 16-ти јули...

Финалистот на Вимблдон од минатата година, Ник Кирјос го откажа настапот поради повреда.
Тажен сум оваа година морам да се повлечам од Вимблдон. Се трудев да се подготвам по операцијата и повторно да одам на терените на Вимблдон. Пред една недела во Мајорка ме болеше зглобот. За секој случај, направив снимка која покажа истегнување на лигаментите на зглобот. Дадов максимум за да играм и жал ми е што можам да кажам дека едноставно немав време да се опоравам пред Вимблдон- соопшти Кирјос.
Вимблдон почнува денес и ќе се игра до 16-ти јули. Бранител на трофејот е Новак Ѓоковиќ.