Ирвинг уште три години во Далас

03.07.2023 11:37

Далас е четвртиот НБА клуб во кариерата на Ирвинг, кој претходно настапуваше за Кливленд, Бостон и Бруклин.

Кајри Ирвинг договори продолжување на соработката со Далас за тригодишен период, јавуваат американските медиуми. Вредноста на договорот ќе изнесува 126 милиони долари.

Далас е четвртиот НБА клуб во кариерата на Ирвинг, кој претходно настапуваше за Кливленд, Бостон и Бруклин.

Ирвинг долго време беше во немилост на раководството на НБА и својот поранешен клуб, бидејќи одбиваше да се вакцинира против коронавирусот и поради тоа пропушти повеќе од 50 натпревари за Бруклин.

Пред доаѓањето во Далас беше суспендиран неколку натпревари поради промовирање филм со антисемитска содржина, а, исто така, е заговорник на разни теории на заговор, вклучувајќи го и верувањето дека Земјата е рамна плоча.