ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал
Раководството на ДУИ ќе биде запаметено по криминалот и корупцијата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во што им помага и полтронското раководство на СДСМ. За Мицкоски, случајот „Феникс“ е само дефокус. Повторен ставот дека под диктат нема уставни измени…

Кавги и меѓусебни обвинувања на отворена политичка сцена, од уставни измени како проблем до криминал и корупција кои го разјадуваат општеството. Во ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема некаква линија која е за уставни измени, го коментира Мицкоски тврдењето на Османи кој тврди дека постои крило во опозициската партија кое е „за“ промена на Уставот. Мицкоски останува на ставот дека под бугарски диктат ниту еден од пратениците нема да гласа за измени во најголемиот правен акт сè додека нема цврсти гаранции дека Софија ќе испорача нови барања.
За случајот „Феникс“ на Обвинителството за гонење криминал и корупција и злоупотребата на околу 60 милиони евра, Мицкоски вели целта е дефокус од оние кои купуваат милионски имоти. Да беше точно, епилог за ова ќе имало пред осум години. Спротивно на него СДСМ, пак, смета дека Скопје 2014-та е ултра пералница на пари.
И додека ВМРО-ДПМНЕ посочува низа примери за криминал и корупција од раководството на ДУИ, а Мицкоски вели ако во политиката го вмешаш и семејството како што направи Ахмети, тогаш си под дното, бидејќи од борец за човекови права се претвори во криминалец.
Интегративците преку соопштение велат дека судски е потврдено оти ВМРО-ДПМНЕ е криминално здружение, со лично признание на половина партија пред судот.
Миле Ристески
