Дијалогот за платите продолжува в среда
Синдикатите и Владата сè уште без договор за зголемување на платата во јавниот сектор, ССМ предложиле порастот на инфлацијата да биде основен параметар по кој ќе се зголемат платите на вработените, а платите на функционерите да го следат трендот и зголемувањето на нивните примања да се врати на претходното ниво...

Приближување во дијалогот има, но Синдикатите и Владата сè уште без договор за зголемување на платата во јавниот сектор. На седницата на социо-економсиот совет, ССМ предложиле порастот на инфлацијата да биде основен параметар по кој ќе се зголемат платите на вработените, а платите на функционерите да го следат трендот и зголемувањето на нивните примања да се врати на претходното ниво, пред одлуката на Уставниот суд.
И од СОНК бараат, зголемувањето на платата да го следи трендот на порастот на минималецот и инфлацијата.
За ССМ е прифатливо методологијата да се изготви во следниве 2,5 години и да добиеме решение како со минималецот – просечната плата по коефициент на сложеност. Од Владата велат, дека целта на Методологијата за пораст на платите во јавниот сектор е да се креира праведен и одржлив систем за сите вработени.
Нова средба на Советот е закажана за в среда наутро во Mинистерството за финансии.
Анита Димитријевска Велковска
