Украина

Мински полиња проблем за контраофанзивата на Киев

03.07.2023 14:15

Голем број војници од различни делови од фронтот делумно ги обвинија руските мински полиња за одложувањето...

Долгоочекуваниот контранапад на Украина сè уште не ја постигнал брзината. Претседателот Зеленски призна дека бил „побавен од посакуваното“. Голем број војници од различни делови од фронтот делумно ги обвинија руските мински полиња за одложувањето. Во меѓувреме, руската федерална служба за безбедност спречила обид за атентат врз гувернерот на полуостровот Крим, Сергеј Аксјонов.

Уапсен бил руски државјанин обучуван од украинските тајни служба да го убие Аксјонов. Претходно Вашингтон пост, повикувајќи се на американски разузнавачки извори објави дека Киев планира со постојани напади со беспилотни летала и распоредување системи со долг дострел.