Богата трпеза во Дојран

02.12.2013 11:58

Софрата не е само маса на која е поставено јадењето. Софрата е место на зближување, место на заедништво и споделување со најблиските. Во Дојран пак, софрата е и место на зачувување на старите рецепти и специјалитети од заборав. Затоа, дојранчани девет години по ред ја организираат манифестацијата „Дојранска софра“. На неа, сите специјалитети со езерска риба, но и стари македонски десерти.Здружението „Дојрана“ кој е организатор на манифестацијата сака да се зачува традицијата како влог за генерациите кои доаѓаат.

Софрата не е само маса на која е поставено јадењето. Софрата е место на зближување, место на заедништво и споделување со најблиските. Во Дојран пак, софрата е и место на зачувување на старите рецепти и специјалитети од заборав. Затоа, дојранчани девет години по ред ја организираат манифестацијата „Дојранска софра“. На неа, сите специјалитети со езерска риба, но и стари македонски десерти.Здружението „Дојрана“ кој е организатор на манифестацијата сака да се зачува традицијата како влог за генерациите кои доаѓаат. Дојран не е само езеро и плажи, Дојран е е уметност во кујната, вели градоначалникот Стамов. Задоволен што манифестацијата се одржува девет години.во подготовката на специјалитетите не учествуваат само жените од Дојрана, туку и вредните домаќинки од цела општина кои со гордост ги покажуваат своите кулинарски дела.

Катерина Давчева