Џерард ја напушта Англија?!
18.05.2014 14:08
Англиските медиуми пишуваат дека Стивен Џерард ќе ја заврши репрезентативната кариера без оглед на пласманот на „гордиот албион“ на претстојното Светско првенство во Бразил.

„Тој е голем лидер, извонреден човек, се наоѓа во одлична кондиција без оглед што има 34 години. Одлуката мора да биде донесена навреме затоа што пред нас се големи предизвици. Слушам дека тој веќе решил да се повлече од националниот дрес, а мислам дека истото ќе го направи и Френк Лампард“, изјави селекторот на англиската репрезентација Рој Хоџсон.
Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, го продолжи договорот со клубот од „Енфилд“ до 2016-та, но медиумите веќе го пензионираа од селекцијата иако тој се уште децидно не се изјасни по ова прашање.
