Ватикан

Папата лут поради палењето на Куранот

03.07.2023 14:17

Папата рече дека секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа...

Папата Франциск лут и згрозен поради палењето на светата книга Куран во Шведска. Го осуди дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор. Папата рече дека секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа.

Маж минатата недела искина и запали Куран во Стокхолм, што наиде на остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција.