Комисија за политички систем

Во Собранието јавна расправа за системската реформа за правдата на децата

03.07.2023 14:37

Во собраниската Комисија за политички систем, јавна расправа за системската реформа за правда на децата. Констатирано дека државата не одвојува доволно пари за оваа намена. Дел од институциите кои треба да се грижат за децата, не си ги ни знаат ингеренциите...

Не се издвојуваат доволно пари за превентивни мерки за правата на децата, покажува анализата на УНИЦЕФ. Велат, ова е загрижувачки бидејќи освен средствата од јавните буџети, во сектор „Правда за деца“ се слева многу ограничен износ на средства од домашни и меѓународни дарители, кои не можат да го надоместат делот што треба да го издвои државата за превентивни мерки. Некои институции кои треба да се грижат за децата не ги знаат овластувањата.

Почна јавната расправа на Законот за правдата за децата. Сегашниот систем е голем и сложен, затоа треба да се унапреди со новиот закон. Деца во ризик и деца во судир со правда, целта е да се превенира, а не да се суди детето, велат универзитетските професори.

Според анализата на УНИЦЕФ, 30 општини имаат совети за превенција на детско престапништво, само пет распределиле пари за негово функционирање, а само две општини потрошиле средства за таа намена.

Наташа Јанчиќ Менковски