Решението во Штип и во Тетово
Последното, 33.коло од Првата фудбалска лига на Македонија треба да реши уште една дилема – дали Вардар или Шкендија ќе биде четвртата екипа што ќе биде наш претставник во Европа.

Вардар е во подобра позиција затоа што сам решава за својата судбина. Ако победи во Штип кај Брегалница, без оглед како ќе заврши натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Пелистер, црвено-црните ќе обезбедат настап на интернационалната сцена. Шкендија, пак треба да го совлада битолскиот ривал, но и да чека кикс на Варадар затоа што има бод помалку на табелата.
Во Турново, истоимениот тим ќе го пречека Работнички, кој на теренот на најблискиот конкурент ќе го прими шампионскиот пехар. Металург, кој исто како Турново и Работнички, уште пред ова коло обезбеди учество во Европа, ќе гостува кај Македонија Ѓорче Петров. Еуромилк ќе се стерне со Гостивар, а Напредок со Ренова.
Еуромилк, Македонија, Напредок и Гостивар од наредната сезона ќе играат во Втората лига, а нови членови на најсилното друштво се Силекс и Тетекс.
Наш избор за фудбалски пренос денеска е натпреварот Брегалница – Вардар, на Прва од 15 часот.
