Професор на Харвард

Златко Василковски: учењето е најреспектабилен бенефит

18.05.2014 17:25

Велешанецот Др.Никола Василкоски 15 години предава на студентите на повеќе светски реномирани факултети, со знаењето стекнато на универзитетот Св.Кирил и Методиј, порачува дека учењето е најреспектабилен бенефит, особено за генерациите кои се на студии и кои имаат амбиции за доедукација.

Додека во Македонија доаѓаат странски експерти  кои одржуваат предавање на домашните факултети, наши луѓе шираат знаење по  Бостонските универзитети. За многумина  кинетиката на виткање на протеините е научен поим,  за македонскиот професор на ХАРВАРД, др. Златко Василкоски тоа е една од темите на неговите докторски студии. Токму поради ова научно отритие  МАНУ да го покани да дојде во Македонија.

„Ме поканија да одржам предавање поврзано со мојаат докторска теза од пред 15 тина години  кога работев на неа и еден од проефесотрите со кои работев ја доби Новеловата награда за хемија минатата година и она што го работев стана актуелно“, рече др. Златко Василкоски, проферор на Харвард

Знаењето стекнато на Универзитетот Св Кирил и Методиј било добра основа Василкоски  да  докторира и магистрира во САД, каде веќе 15 години предава на пет реномирани  Универзитети. Жали  што своето знаење се уште на го пренел на студенти од Македонија.

„Велешанец не сум сретнал уште би ми било драго, а доаѓаат понекогаш студенти од Македонија, конкретно на моите часеви никогаш не сум сретнал некој од Македонија“, рече др. Василкоски, професор на Харвард

Престојот во Македонија, др.Василкоски  го искористи и за посета на родниот Велес.

Да посочиме на неговиот позитивен пример за велешани и за младите генерации да ја развиваат својата научна мисла да се доедуцираат токлу колку што можат повеќе.

За овој светски гениј надградбата на сопственото знаење е најдобрата инвестиција од која бенефит може да има целокупната светска јавност.

Дијана Иванова