САД
Најмалку 10 повредени откако автомобил влетал во ресторан во САД
03.07.2023 20:51
Повеќе од десет гости на ресторан во американската сојузна држава Њу Хемпшир се повредени кога автомобил после судар влетал во ресторанот...

Повеќе од десет гости на ресторан во американската сојузна држава Њу Хемпшир се повредени кога автомобил после судар влетал во ресторанот.
На објектот е причинета значителна материјална штета.
Брзата помош превезла 14 повредени во болници, а никој не е во животна опасност.
На местото на настанот биле прегледани уште 20 лица, но не им било потребно болничко лекување, соопшти итната помош.
