Руте и Бетел повикаа на смирување на тензиите
Премиерите на Холандија и Луксембург ги повикаа Србија и Косово да ги смират тензиите кои се закануваат со нестабилност...

Премиерите на Холандија и Луксембург ги повикаа Србија и Косово да ги смират тензиите кои се закануваат со нестабилност, додека Европа се соочува со руската агресија во Украина. Руте и Бетел се сретнаа со претседателот Вучиќ во Белград.
„Многу е важно и Србија и Косово да преземат чекори кон деескалација и на крајот кон нормализација на односите преку дијалогот предводен од ЕУ. Ова е клучно за самите две земји, но и за поширокиот регион и Европа како целина. Со војната што беснее меѓу Русија и Украина на нашиот континент, поважно е од кога било да дејствуваме заедно“, Марк Руте - премиер на Холандија.
„Треба да напредуваме на овие теми и да покажеме дека постои желба за деескалација. Ја поткренавме таа тема затоа што е во интерес на сите нас. тоа е и во интерес на Европската унија“, изјави Ксавиер Бетел-премиер на Луксембург.
„Она што го ветив е дека Србија ќе даде се од себе за зачувување на мирот и стабилноста. Никогаш не сум, ниту ја користам оваа прилика да обвинам некого друг од регионот за нешто“, изјави Александар Вучиќ - претседател на Србија.
