СДСМ: Мицкоски го брани криминалот во Скопје 2014 наместо да побара одговорност од сите вмешани
Во случајот Феникс 15 лица, меѓу кои и поранешни високи партиски функционери на ДПМНЕ се осомничени дека врз грбот на народот проневериле 57 милиони евра за 11 споменици во Скопје 2014, велат од партијата.

Наместо да побара истрага и јавно да повика на одговорност на сите вмешани во незаконски дејствија Христијан Мицкоски застана во одрбара на криминалот на ДПМНЕ преку Скопје 2014, соопштуваат од СДСМ.
Во случајот Феникс 15 лица, меѓу кои и поранешни високи партиски функционери на ДПМНЕ се осомничени дека врз грбот на народот проневериле 57 милиони евра за 11 споменици во Скопје 2014, велат од партијата.
Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација а народот го осиромашуваше само за да се богатат поединци од Белата палата. Нема никаква промена во ДПМНЕ, единствената партија во Европа што има конфискуван имот за кој со судска пресуда е докажано дека е нелегално стекнат.
Јавноста се уште очекува епилог од предметот Делчевски ниви каде се вмешани блиски соработници на Мицкоски, стои во соопштението од СДСМ.
