Тетово

Проблемот со отпадот во Тетово сè уште не е решен

04.07.2023 10:37

Преполни контејнери и купишта смет околу нив, е вообичаената слика во Тетово во овој период од годината. Властите ветуваат дека ќе ги зголемат капацитетите за собирање и транспортирање на отпадот во пресрет на доаѓањето на печалбарите, кога се очекува на дневна основа да се создаваат двојно поголеми количини на смет...

Разновиден комунален смет, кабаст отпад, стар мебел, преполни контејнери, непријатна миризба која се шири низ Тетово во време на високи температури.

Тетовци никако да се спасот од сметот околу нив.

Не се задоволни од одржувањето на хигиената во градот, но и еколошката свет на народот е на ниско ниво. Не се бира место за фрлање на ѓубре, велат граѓаните.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами, најави дека ЈКП Тетово, ќе ги зголеми своите капацитети во пресрет на доаѓањето на печалбарите кога се создаваат двојно поголеми количини на отпад на дневна основа. За почист град граѓаните треба редовно да ги плаќаат комуналните сметки, но и да се однесуваат поодговорно кон јавните површини, дополни Касами.

Тетово сè уште го нема решено проблемот со претовар на комуналниот смет. Отпадот пред да се однесе во регионалната депонија Русино, наместо во посебни контејнери или хали се претоварат без никакви стандарди на земја загадувајќи ја тетовската почва, подземните води и воздухот.

 

 

Зоран Димовски