Македонија

МВР: Приведени тројца крадци, расчистени шест кривични дела

04.07.2023 10:44

Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети.

Вчера во периодот од 09.20 часот до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Ч.(26) од гостиварска Топлица и Е.Ф.(22) и Ј.М.(18) од гостиварски Добридол.

Тројцата се сомничат дека во изминатиот месец извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ во три објекти во неготинскиот регион, а дополнително одзеле и три електрични тротинети.

Одземените тротинети се пронајдени и ќе им бидат вратени на нивните сопственици, додека осомничените се задржани и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.