Ријана соборува рекорди на „Спотифај“ иако седум години нема издадено нов албум
Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за „лошата девојка милијарда“ бидејќи на својот профил се потпишува како „Лошата девојка Рири“.
Иако минаа седум и пол години откако Ријана го издаде последниот албум „Anti“, таа стана првата пејачка со 10 песни што достигнале милијарда прегледи на стрим-платформата „Спотифај“.
Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за „лошата девојка милијарда“ бидејќи на својот профил се потпишува како „Лошата девојка Рири“.
„Нема нов албум“, додаде под објавата изведувачката, која според овогодишната листа на „Форбс“, е најбогата пејачка и најбогата жена под 40 години во САД.
Ријана е добитничка на бројни признанија, а ова не е прв рекорд што таа го поставува. Таа има освоено 13 „Американски музички награди“, девет „Греми“ одличја и 12 „Билборд награди“.
