Македонија
Потпишана Национална програма за достоинствена работа 2023-2025
04.07.2023 11:24
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, претставници на синдикатите и организациите на работници и работодавци, денеска ја потпишаа новата Национална програма за достоинствена работа за периодот 2023-2025 година.
За министерката Тренчевска, ова ќе значи унапредување на работничките права. Од друга страна, претставници на синдикатите велат дека главниот удар врз работничките права се направи со тоа што се дозволи измена на законот за работниците да можат прекувремено да работаат на изградбата на коридорите 8 и 10-д.
Наташа Јанчиќ-Менковски известува за емисијата „Ваш јавен сервис“
