косовско-српски дијалог

Лајчак во нова посредничка мисија во Косово и Србија

04.07.2023 11:54

Лајчак во нова посредничка мисија за решавање на споровите во Косово и Србија. ЕУ бара преземање итни чекори за деескалација и враќање на дијалогот. Руте и Бетел повикаа на смирување на тензиите...

Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Лајчак, во Приштина, во рамки на најновата посредничка мисија за решавање на споровите меѓу Косово и Србија, на средби со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на Србија, Вучиќ.

ЕУ бара преземање итни чекори за деескалација и враќање на дијалогот.

Премиерите на Холандија и Луксембург ги повикаа Србија и Косово да ги смират тензиите кои се закануваат со нестабилност, додека Европа се соочува со руската агресија во Украина. Руте и Бетел се сретнаа со претседателот Вучиќ во Белград.

„Многу е важно и Србија и Косово да преземат чекори кон деескалација и на крајот кон нормализација на односите преку дијалогот предводен од ЕУОва е клучно за самите две земјино и за поширокиот регион и Европа како целина. Со војната што беснее меѓу Русија и Украина на нашиот континент, поважно е од кога било да дејствуваме заедно“, изјави премиерот на Холандија, Марк Руте.

„Треба да напредуваме на овие теми и да покажеме дека постои желба за деескалација. Ја покренавме таа тема затоа што е во интерес на сите нас. Тоа е и во интерес на Европската унија“, изјави Ксавиер Бетел, премиер на Луксембург.

„Она што го ветив е дека Србија ќе даде се од себе за зачувување на мирот и на стабилноста. Никогаш не сум, ниту ја користам оваа прилика да обвинам некого друг од регионот за нешто“, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Состојбата на северот на Косово и натаму неизвесна. Тензиите се зголемија откако премиерот на Косово Курти реши избраните градоначалници на последните избори да влезат во општинските згради во четирите општини со мнозинско српско население. Тоа предизвика револт и протести кај етничките Срби кои ги блокираа влезовите на општинските згради.

 

Марина Ристова