Русија

Путин: Рускиот народ е поконсолидиран од кога било

04.07.2023 12:29

Рускиот претседател Путин на виртуелниот самит на шангајската организација за соработка рече дека светот се соочува со зголемен ризик од конфликт поради економската и финансиската нестабилност...

Рускиот претседател Путин на виртуелниот самит на шангајската организација за соработка рече дека светот се соочува со зголемен ризик од конфликт поради економската и финансиската нестабилност.

Им се заблагодари на лидерите на Кина и на Индија за поддршката за време на неодамнешниот бунт на „Вагнер“ во земјата. Рече дека глобалниот потенцијал за конфликт расте и дека Русија ќе се спротивстави на санкциите и провокациите.

Меѓу другото, истакна и дека рускиот народ е поконсолидиран од кога било!