Здравство

Во тек инспекциски надзор на ДСЗИ во Гинекологија

04.07.2023 13:08

Како што информираат од ДЗСИ, Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба.

Во врска со случајот со родилката која скокна од прозор на Универзитетската клиника за гинекологија, денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.

Како што информираат од ДЗСИ, Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба.

По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, стои во соопштението.