МВР

Приведени две лица во липковско, кај нив пронајдени фалсификувани пари

04.07.2023 13:10

При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра.

Вчера вечер во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово во село Отља, липковско,  ги лишиле од слобода О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, скопско, осомничени за фалсификување пари.

При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра.

Двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваа од МВР.