Фестивал на фолклорни песни и ора во Струмица
Струмица е домаќин по шести пат на фестивалот на македонска староградска музика. Публиката воодушевена од музичките содржини, а организаторите велат дека преку песните,серенадите и ората се обидуваат да го негуваат и сочуваат нациаоналниот македонски изворен мелос.
Лирски ноти, емотивни текстови, битот на староградската македонска музика се слушна под кулите на Струмица. На шестиот по ред Фестивал на староградска музика и серенада учествуваа ансамбли од повеќе градови од југоисточниот дел на македонија кои го негуваат традиционалниот мелос. Велат, тоа е музички бисер кој е ппрепознатлив по својата топлина и изворно творештво.
„Основна задача на овие ансамбли е да опфатат што поголема масовност, да опфатат нови, млади членови кои ќе бидат еден вид на гаранција оживување и негување на староградската песна“, вели Ванчо Данаилов- ансамбл „Распеани Радовишани“, Радовиш
„Доста голем интерес има кај младите и тоа навистина не радува“, вели Марина Бозова- ансамбл „Распеани струмичани„, Струмица
Струмичката публика на седенките најчесто си ја пееле градската химна, „Под кулите на Струмица“. Велат, на овој начин се заштитува идентитетот на Македонија.
Организаторите велат дека на овој начин сакаат да го сочуваат музичкото богатство кое се пренесува од генерација на генерација.
Нашата староградска песна е специфична и доста барана како производ во сите наши соседни држави а и пошироко“, вели Димитрие Анастасов- проект менаџер на фестивалот
Tри саати траеше уживањето и споменувањето на Рајне, Стојне, Каранфила и другите музички хероини кои го раскажуваат староградското битисување во Македонија.
Катерина Давчева
