Баерн не се откажува од Кејн

04.07.2023 13:47

Доколку преговорите сепак не завршат со успех, германскиот клуб планира да го ангажира играчот во летото 2024 година, кога тој ќе стане слободен агент.

Баерн останува со надеж дека ќе го ангажира напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ова лето. Според германските медиуми тимот од Минхен ќе даде уште една понуда за 29-годишниот Англичанец.

Од Тотенхем велат дека нема да го продадат напаѓачот. Доколку преговорите сепак не завршат со успех, германскиот клуб планира да го ангажира играчот во летото 2024 година, кога тој ќе стане слободен агент.

Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 32 гола и направи пет асистенции на 49 натпревари за тимот во сите натпреварувања.