Ракомет

Македонија на 18-то место на ЕХВ ранг-листата

04.07.2023 14:02

Машката ракометна репрезентација на Македонија се најде на 18. позиција на најновото рангирање на ЕХФ на европските селекции...

Машката ракометна репрезентација на Македонија се најде на 18. позиција на најновото рангирање на ЕХФ на европските селекции.

Македонија има 94 бода по учествата на последните големи собири, СП 2021 во Египет, ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, како и СП 2023 во Полска и Шведска. 

На врвот се наоѓа актуелниот светски шампион Данска, а потоа следат Шведска и Шпанија. Место во топ 10 добија уште: Франција, Норвешка, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд и Словенија.