Како до независно судство, дебатира невладиниот сектор
Невладиниот сектор дебатира на тема, како до независно судство. Влијание на политиката во судството во одлуките, но и во изборот на судии,низа неправилности посочуваат граѓанските здруженија во работата на македонскиот правосуден систем. Судскиот совет како горлива тема на дебатата...

Соочени сме со избор или Судскиот совет да продолжи да функционира како нелегитимно тело со одлуки што носат недоверба или државата преку посебен закон фактички да го прекине мандатот на членовите на Советот, велат од невладината коалиција „Сите за правично судење“. Ветинг може да се преземе во самиот Судски совет за изолирање на непожелните судии, обвинители, адвокати или членови на судски тела кои немаат интегритет, велат од невладиниот сектор.
Се направи законска регулатива за намалување на влијанието врз судиите, но ретко има одговорни и професионални чинители коишто треба да го спроведуваат законот без политички притисоци, велат од Хелсиншкиот комитет.
Треба да се охрабрат судиите да излезат и јавно ги кажат лицата коишто се обидуваат да влијаат на нивната работа, велат од невладиниот сектор.
Проблемите се таложат со години, но за независно судство може да се стигне ако се преземат чекори веднаш, заклучија на дебатата за состојбите во судството.
Ирина Гелевска
