Израел

Автомобил влета во толпа пешаци во Тел Авив

04.07.2023 16:05

Автомобил влета во толпа пешаци во Тел Авив. Напаѓачот откако излегол од возилото, со нож нападнал неколку лица. Меѓу повредените, неколкумина се во критична состојба...

Автомобил влета во толпа пешаци во Тел Авив. Напаѓачот откако излегол од возилото, со нож нападнал неколку лица. Меѓу повредените, неколкумина се во критична состојба.

Полициските власти за инцидентот велат дека е „терористички чин“. Израел е во состојба на готовност поради палестинските напади, еден ден откако ја почна големата воена операција во градот Џенин на Западниот Брег.

Операцијата опфати серија напади со беспилотни летала и распоредување на стотици војници.