50 дечиња од Пустец во посета на Штип

18.05.2014 15:54

Во организација на Здружението „Македонски Егеј “ 50 дечиња од македонската општина Пустец во Албанија, преку Штип ќе учат за Македонија..

„Целта на овој проект е учениците од основните училишта од општина Пустец, да ги запознаеме со културното и национално богатство на нашиот народ, поточно на општина Штип“, вели Јордан Тунев, прет. на „Македонски Егеј“

За дечињата ова е несекојдневно искуство, зашто повеќето од нив за прв пат ја минуваат албанско – македонската граница:

 „За првпат сум во Македонија. Сега првпат ги гледаме убавините на Македонија“, велат дечињата

За организаторите на посетата, ова е единствена можност кај македончињата од Албанија да се поттикне интересот за матичната земја:

„Да се поттикнат овие млади деца повеќе да се заинтересираат за историјата на Македонија, не само дечињата од Пустец, туку и од останатите места каде живеат Македонци“, вели Едмонд Темелко, градоначалник на о. Пустец

Инаку, соработката помеѓу Штип и Пустец е долгогодишна и тоа не само на ниво на здруженија, туку и на ниво на општини:

„Однесовме мала помош во вид на компјутери и училишен прибор  и се надеваме дека им помогнавме на дечињата.  Тоа е многу малку, симболично, но се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме во таа насока“, вели Снежана Санева, шеф на кабинет на градоначалник на Штип

Во наредниот период, во план е општина Пустец да ја посетат ученици од осмолетките во Штип.

Оливера Жежова