Апелациски суд

Намалена затворската казна за Јанакиески, условна за Јанкуловска во случајот „Титаник“

04.07.2023 20:33

Апелација преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел ги потврди...

Апелација преиначи дел од казните за обвинетите во предметот „Титаник“, а дел ги потврди. Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби затворска казна, која сега е три и пол години, откако Апелација му ја намали за една година. За разлика од него, за екс министерката Гордана Јанкуловска казната е преиначена – наместо 2,5 годишната затворска, доби условна казна затвор. Условната казна останува и за поранешниот генерален секретар Мартин Протоѓер. Мунир Пепиќ добива условна казна, наместо првостепено изречена една година затвор.

Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.