Суд

Уставен суд денеска ќе ја одржи 26-та седница

05.07.2023 09:06

Уставниот суд денеска во ќе ја одржи 26-та седница со дневен ред на кој се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, Иницијатива за оценување на уставност на програма и статут на здружение на граѓани и барање за заштита на слободи и права...

Уставниот суд денеска во ќе ја одржи 26-та седница со дневен ред на кој се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, Иницијатива за оценување на уставност на програма и статут на здружение на граѓани и барање за заштита на слободи и права.

Предметот во кој се оспоруваат законските измени и дополнување на Упатството за водење на матичните книги ќе биде ставен на дневен ред на седницата на Уставен суд.

Ќе ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во врска со Изборниот законик со кој се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар, соопштија од партијата.

Со иницијативата се бара укинување на законски решенија со кои на две партии од власта и две партии од опозицијата им се обезбедува 90% од медиумскиот простор, финансирање на изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти итн.