Баба Савка го прослави 100-от роденден
Многу млеко, свинско месо и по малку вино и ракија –рецепт на баба савка од штипско Сарчиево која ја прослави стотката. Но треба и спокој во душата, вели славеничката, на која и предците и доживеале длабока старост.
Роденденската песна по којзне колку време се слушна во Сарчиево. Повод беше несекојдневен јубилеј – 100-от роденден на баба Савка. Како да се доживее стотка:
„Јадам најмногу млеко, ама и свинско. Се напивам по малку винце и ракија за циркулација“, вели Савка Милева
Зад себе баба Савка има спомени од две војни, памети и сиромаштија и убав живот. Пред себе има три деца, осум внуци и девет правнуци. Сите тие за роденденот беа покрај неа:
„Ова за нас е голем ден“, вели Елица Богданска, ќерка на баба Савка
„Кога и да дојдеме во селото, доаѓаме прво неа да ја видиме. Таа не почитува нас и ние ја почитуваме неа“, вели Живка Беркова, снаа на баба Савка
„Многу сум радосна што сум на роденден на мојата прабаба која полни 100 години“, вели Анастасија Беркова, паравнука на баба Савка
Чест на баба Савка и направи и штипскиот градоначалник кој на прославата беше специјален гостин:
„Во една прилика баба Савка ми рече дека некоја Русинка живеела 130 години. Јас и посакувам и таа да доживее толку“, вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип
Долговечноста е наследна во семејството на баба Савка. Мајка и починала на 100 години и два месеци, а брат и’ е веќа длабоко навлезен во деведесеттите. За длабока старост вели – треба спокој во душата:
„Само да не се нервирате. Човек треба да биде мирен, да не бра многу правда“, вели Темелко Стојанчев, брат на баба Савка
А као што обично бива, на роденден никој не оди со празни раце, па баба Савка сега има нови златни обетки, подарок од правнуците. Кога ќе наполни 130 – очекува и златно ланче.
Оливера Жежова
