Претседавачот со ОБСЕ Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур
Пред Комитетот на министри на СЕ, Османи ќе ги презентира досегашните активности во својство на Претседавач со ОБСЕ како и претстојните планови од програмата на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа...

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) во Стразбур. Пред Комитетот на министри на СЕ, Османи ќе ги презентира досегашните активности во својство на Претседавач со ОБСЕ како и претстојните планови од програмата на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Воедно, Претседавачот Османи ќе има средба и со Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ. Тема на состанокот ќе биде заедничката работа на ОБСЕ и Советот на Европа, во насока на воспоставување на стабилност и безбедност врз основа на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Европа и во поширокиот регион на ОБСЕ.
Покрај со Пејчиновиќ-Буриќ, Османи ќе има средба и со Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.
