Украина
Зеленски: Победува оној што ја цени слободата
05.07.2023 09:59
Украинскиот претседател Зеленски им го честиташе Денот на независноста на Американците и се заблагодари за поддршката што Украина ја добива од Америка...

Украинскиот претседател Зеленски им го честиташе Денот на независноста на Американците и се заблагодари за поддршката што Украина ја добива од Америка.
„Светот сега јасно гледа, тој што стои со Украина се залага за слобода. И по нашата победа, светот повторно ќе се увери, секогаш победува оној што ја цени слободата. Среќен 4-ти јули, Америка. И ве молиме, запомнете дека во коалицијата на слободните и храбрите, секогаш можете да сметате на Украина како ваш сојузник“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
